Не навикнува се

ЉУДМИЛА ПЕТРУШЕВСКАЈА
НЕ НАВИКНУВАЈ СЕ

Препев од руски на македонски јазик: Филип Димкоски

Јас имав другар, прекрасен добар човек
секогаш разговаравме, како да не сме се виделе еден век
И зборувавме, зборувавме, зборувавме без крај
Но тој другар никогаш не го покажуваше своето лице, знај
Секогаш со маска на ликот беше и секогаш велеше:
Почекај, почекај ти.
Уште не е време...
што доаѓа не знаеме.
Таа негова маска беше прекрасна.
Тој секогаш се смееше
но тоа не е ништо.
Јас знам дека тој во сонот плачеше
и ништо од тие соништа мене не ми раскажуваше.
Од едната своја страна тој беше како дожд и снег,
но за другите тој секогаш беше добар, насмеан, мек.
И никогаш не знаев од која страна
тој со мене ќе зборува
или тој со мене ќе молчи.
Но еднаш тој рече (а тогаш врнеше дожд)
Рече: ти цело време непотребно нешто чекаш и чекаш
Не навикнувај се, не навикнувај се, не навикнувај се
на дождот
Види ме мене, јас не чекам ништо.
Во овој свет
ништо не е како во нашите сништа
само во нив таму
љубовта никогаш не н; напушта.
Тогаш сонцето ја осветли едната половина на прозорецот.
И јас го видов својот пат па тргнав по него...
Тој се сврте со својата друга страна и праша:
И што сега? Ти нема да бидеш со мене?
Тоа беше спокоен и прекрасен миг.
Капки од пролетен дожд леат.
С; заедно и плач и смеа.
Јас нигогаш такво
го немав видено неговото лице.
Но што со тоа, тоа беше продолжение на крајот.
Не навикнувај се, не навикнувај се, не навикнувај се
 на дождот.
Види ме мене, јас ништо не чекам,
во овој свет
ништо не е како во нашите сништа
само во нив таму
љубовта никогаш не н; напушта.
И сфатив тогаш јас,
дека уште порано ти знаеше,
ти уште тогаш знаеше,
дека јас ќе си заминам.
Види ме мене, јас ништо не чекам,
во овој свет
ништо не е како во нашите сништа
само во нив таму
љубовта никогаш не н; напушта.
               И јас имав другар, прекрасен добар човек
И што значи тоа...
Тоа е збор за навек....
Не навикнувај се...


Рецензии