Детство во воeно време
1.
Јас сум од црно тесто замесен,
роден во воените пеплосани дни
моите стихови се опожарени и тажни.
Замижувам за миг-и пак дете сум јас,
над главата, над моите фонтанели,
прелетуваат безброј куршуми смели
а поштарот во ветвата ташна,
носи црна пратка
јас и мојот брат
отсега сме без татко.
2.
Никогаш нема да заборавам...
За време на војната кога свиреа тажни струни,
од измрзнатите компири, мајка ми печеше деруни*.
Деруните со техничко масло** се ем горки, ем слатки
но за мене и за постариот ми брат
и тоа беа мигови на среќа кратки.
Завиткани сме во ќ****о о, надвор мразот завива.
Писмоносецот на сосетката ; носи писмо „храбро загина....“.
Таа дотрчува кај нас, обледена, побела од ѕид
мајка ми ја теши, зборат...а деруните....горат.
3.
Војната помина! Помина војната!
На ушните школки оваа тишина не им е јасна,
оваа тишина е непозната, неверојатно гласна.
На полињата потопени со крв
веќе пченицата ја собираат
но, с; уште во болниците
војници наши умираат.
*деруни (руски:деруны)- кофте, плескавица од компир
** техничко масло-се мисли на техничко (автомобилско) масло кое е користено како масло за јадење во недостаток од истото.
Превод: Наталија Лапаева Ристеска
Препев: Филип Димкоски
Свидетельство о публикации №120052805041