Таа памети

Почнува со неа  новото патување,
овоземното  наше битисување
не крштеваат во металното коритце
 попрскани со капките нејзини
 и со гранчињата босилек.

Со неа ни баат од уроци,
ни ја матат со шеќер од уплави
болните заздравуваат
слепите прогледуваа
од чешмите
со вода лековита...

Ја гасне жедта од уморот,
блажината ја пресекува
солта ја разблажува
во неа го гледаш својот одраз
таа лицето го мие
ама не и валканиот образ...

Плиска во заливите
трепери и ѕвони,
 ги дроби карпите
тивка вода брег рони.

Грка од врутоците
Пее од потоците...
Слегува во реките
Мирува во океаните...

Доаѓа од небото
а извира од земјата...

Знае да шушти и
на сон да доаѓа
сонот да го краде
да одзема животи
во вртлози и  поплави...

И по мигот неодминлив
додека догорува темјанот
со киска босилок не попрскуваат
и не испраќаат...

Нас не нема...а таа памти.
Знае се....
Крај е...
И почеток е...
На една смрт
На едно живеење...


Рецензии