Не оставляй себя

После секое разочарување
почнувам нова битка за среќа
додека чуден ветер го населува
местото во кое живееме.

Во сон умирам
и се будам затворена во своите мисли
со скршени стакла во гласот.

Не е важно ако другите не те сакаат
ако врз твоите стапки
фрлаат жар од згаснати ѕвезди
кога создаваш ремек дела за век и векови.

Кога другите ќе те напуштат
не оставај се себе.


Рецензии