Не ми даде никакви можности

Не ми даде никакви можности
Животот  поинаку да го средам.
Не ме доведе ти во дворец,
И не ми подари свили.
Со мене за други мили
Ги зачува заветните должности.
А јас пак, јас го сочував тоа
Што ми го дари  единиот Творец.
Јас скитав по бел свет
Како босонога клетница,
Си ги лекував со засекница
Раните  облеани во крвови.
И мачена од жед
На колена припаѓав
Пред духовната вистина
На шумските извори.
И за сето тоа тебе
Ти велам јас – благодарам!
И те сожалувам, оти животот
Ти во дворец си го проведе,
И оти не ги виде изгревите
И руменилото на залезите,
И никогаш својата љубена
По роса на шедба не си ја поведе.

*препев на македонский Чедо Цветановски


Рецензии