Шансата не си а пропушта

Небаре часовник стар
Душава ми чкрипи од прашишта.
Крај вратата литите чевли пар
Дури и погледот ми го страшат.
На подпрозорникот како стрелка
Падна сега светол зрак...
Да е на прошетка да излезам?
Но кому му требам во овој мрак.
Навојот веќе е при крај –
Шансата не си ја пропуштај!
За механизмот одговараш ти!
Ти на душава си часовничар, знај!

*Препев Чедо Цветановски


Рецензии