Я научилась без тебя

Марианна Бор-Паздникова
Јас настојав без тебе да сум своја
и да дишам и да се радувам на сонцето!
Штом низ мрачно окно ќе грејне тоа
топол лач ми се слева во срцето...

Ширум ли прозорец ќе отворам јас
во срце како стрела ми се врива
топлината од здивот твој и глас,
и трепет на покајбата твоја ме обвива.

А штом тивко ветре со лек повев
нежно ме допре по лице, по раце,
наеднаш сеќавам небаре потсмев
тоа ми шумоли од твоите кадрици.

Знај, без тебе научив своја да бидам
сама да му се радувам јас на сонцето...
Ако пак тебе тага те свие, ќе ти идам
сал на прозорец како лач - не во срцето!

*препев на македонский Чедо Цветановски