Под нозе се урна потпората

Марианна Бор-Паздникова
Под нозе се урна потпората вмиг,
И наеднаш стана несносно – тажно.
Повеќе не ми треба твојот повик,
Ниту пак писмата твои ми се важни.
Скршени ми се и двете крила
И како тешко бреме на рамење пласна...
Љубовта јас долго, долго ја вилкав.
Ајде, преречи нешто да бидеме на јасно.
Сега од домот ме влече далечен пат.
Каде? Зошто? Кој знае да рече?
Така одамна е пишано, листот откинат
Есенски ветар да го одвее во неповрат.

* препев на македонский Чедо Цветановски