Си пласка морето...

Марианна Бор-Паздникова
Си пласка морето и со бран згора
Нозете леко ми ги допира.
Сонцето си игра и се раствора
Во бранот зелен. Ветрот сопира.
Галеб прелетува мрзеливо
И по небесно синило се прелива.
Јас во далечина гледам и замирам.
Потајум срцето го наслушувам.
И ми се стори дека не галебот,
Туку јас со крилото ќе замавтам
И лачот го вртам кон нечија душа
За да ја згреам со мојот топол плам

*Препев Чедо Цветановски